ДВА КОНКУРСИ ОБЈАВЕНИ ОД СТРАНА НА ДРУШТВОТО НА ФИЛМСКИТЕ РАБОТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА

На 25. февруари Друштвото на филмските работници на Македонија објави два Конкурси за избор на кандидати за две позиции на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“  и  тоа Директор и Селектор на главната програма на фестивалот.

Пријавите  заедно со потребната документација за двете позиции потребно е да се достават на електронската адреса contact@dfrm.org.mk или во седиштето на Друштвото на ул. 8ми Март бр.4 1000 Скопје, Република Северна Македонија  најдоцна до 11.03.2020 година (Пријави за Директор на фестивалот) и 25.03.2020 година (Пријави за Селектор на главната програма).

Повеќе информации за правилата на аплицирање на следниот линк https://www.dfrm.org.mk/news