ТЕОНА МИТЕВСКА СО СВОЈ ФИЛМ ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ПРОСТОРИ 2“ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ВО СОЛУН

Нашата позната режисерка Теона Митевска ќе учестува во проектот „Простори 2„ во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Солун.

Познатиот филмски фестивал се досети на инвентивен и креативен начин да се надмине полесно и поубаво времето во карантин и свестката криза предизвикана од пандемијата на Ковид 19.

Теона Митевска во овој проект ќе партиципира заедно со многу познати  интернационални режисерски имиња. Режисерите меѓу кои се унгарскиот режисер и добитник на Берлинале, Илдик Ениди, познатиот шпански режисер Виктор Морено, американскиот актер и режисер Џон Ц. Линч, аргентинскиот режисер Матео Бенденски , канадскиот режисер Јунг Чанг и други, ќе снимаат кратки филмови во своите домови. Филмовите потоа ќе бидат достапни на You Tube каналот на Солунскиот филмски фестивал  во наредните недели.

Меѓународниот филмски фестивал во Солун го објави својот повик за креативност преку неговиот проект „Видови простори“. Додека сите кратки филмови се создадени од 11 грчки режисери и Академија на Грција

Меѓународниот филмски фестивал во Солун (ТИФФ), кој важи за еден од позначајните филсмки фестивали во светските уметнички кругови заради справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид 19 ги премести своите активности преку он лајн платформите.

Во насока на полесно и поубаво справување со карантинот и надополнување на недостигот од кино-проекции заради затворање на кината низ светот, Меѓународниот филмсми фестивал во Солун ги продолжува своите активности на многу креативен начин.

Покрај проектот „Простори 2„ во кој учесттвуваат интернационалните режисерски имиња, меѓу кои и македонската  режисерка Теона Митевска беше организирани и проектот под наслов „Видови простори“. TIFF покани 11 режисери да снимаат 11 кратки филмови во нивните куќи, коментирајќи ја на тој начин новата реалност во која живееме сите. Главната идеја за секој режисер е да создаде краток филм до три минути, дома, користејќи ја околината, луѓето или животните што постојат во тој простор. Исто така, единствените места што се дозволени на отворено се простори за живеење, како што се балкони, градини, тераси или скалила.