„ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА“ НА ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ Е ПОДДРЖАН ОД УНГАРСКИОТ ФИЛМСКИ ИНСТИТУТ

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски  доби финаскиска поддршка од Унгарскиот филмски институт.

Со ова продукцијата на филмот на Цветановски ќе се одвива во четири различни земји: Република Северна Македонија, Хрватска, Бугарија и Унгарија. Агенцијата за филм на Република Северна Македонија од самиот старт стои зад „Јон Вардар против Галаксијата“. Во неговата поддршка,  од сега е вклучен и Унгарскиот филмски институт.

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“  е осмислен како филмска авантура во која Јон Вардар ќе се сретнува со реалноста во која ќе бидат вклучени непријателски вонземјани, чудовишта, злобни хакери но и космички забави.

Режисерот Гоце Цветановски се надева дека премиерата на своето анимирано филмско дело ќе биде во наредната 2021 година.

Поддршката на Унгарскиот филмски институт за „Јон Вардар против Галаксијата“ претставува позитивна вест во време на глобалната криза предизвикана од Ковид 19 која ја погоди и целокупната филмска индустрија.