ПОВИК ЗА FIRST CUT LAB BALKANS 2020

Отворен е повикот за пријави за First Cut Lab Balkans 2020.

Оваа програма се фокусира на долгометражни играни филмски проекти во фаза на монтажа, а кои потекнуваат од Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Селектираните тимови сочинети од продуценти и режисери ќе ги прикажат својата потполна „rought cut” верзија на филмскиот проект на затворена сесија, по што ќе добијат коментари и сугестии од филмските експерти со кои ќе работат.

Основната цел е да се зајакне уметничкиот потенцијал на избраните „rought cut” , и во исто време, да се зголеми продажниот и  фестивалскиот  потенцијал на завршените филмови.

Работилницата ќе се одржи во текот на летото во Приштина летово, а  датумите на работилницата дополнително ќе бидат потврдени.

Партнери на реализацијата на проектот се Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Филмскиот центар на Црна Гора, Албанскиот национален центар за кинематографија и Центарот за кинематографија на Косово.

Краен рок за пријавување е 15 мај 2020 година.

Линк за аплицирање и повеќе детали за First Cut Lab Balkans 2020

http://firstcutlab.eu/project/first-cut-lab-balkans/