ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА SOFA – SCHOOL OF FILM ADVANCEMENT

Повикот за 8 то Издание на  SOFA – School of Film Advancement е отворен за осум иницијатори на филмови, културни менаџери и преприемачи кои имаат уникатни проектни идеи во аудиовизуелниот свет.

Избраните учесници ќе бидат обучени како на различни креативни начини да стигнат до поголем број на публика и на локално, и на интернационално ниво, а притоа ќе им се овозможи да стекнат и поголем број на меѓународни контакти. Со помош на искусни предавачи, учесниците на SOFA ќе добијат соодветни обуки за остварување на својот проект на најефикасен начин.

8 то Издание на  SOFA – School of Film Advancement ќе трае повеќе од една година и ќе вклучува три работилници како и други задачи. Првата работилница ќе се одржи во Варшава, Полска (16-21 август 2020), втората во Тбилиси, Грузија (април 2021) и третата во Вилнус, Литванија (јуни,2021).

Во зависнот од случувањата со пандемијата со Ковид 19 ќе се прилагодуваат начините на одржувањето на работилниците.

 SOFA бара професионалци со претходно искуство од областа на културниот менаџмент од Централна, Источна Европа, Централна Азија, земјите од Јужен Кавказ, Грција, Израел, Германија.

Предлозите на проектот би можеле да вклучуваат формирање на филмски фестивал, филмски фонд, филмска комисија, платформа за дигитална дистибуција, кино, филмцки музеј-архива, проект поврзан со закон за авторки права, списание, или онлајн списание, иницијатива за обука, иновативен проект од областа на управување со филмската култура, и друго. Оваа година SOFA планира да отвори свои работилници за игри.

Краен рок за доставување на апликациите е 10 јуни 2020 година.

Апликациите се доставуваат на office@joinsofa.org.

Повеќе детали на www.joinsofa.org

или  www.facebook.com/SchoolofFilmAdvancement.