„МАЛИНА“ ВО ОФИЦИЈАЛНА СЕЛЕКЦИЈА НА GOSH FILM FESTIVAL

Македонскиот краткометражен филм „Малина“ влезе во официјалната селекција на GOSH Film Festival.
Седмото по ред издание на овој независен филмски фестивал кој е посветен на интернационалниот краток филм ќе се одржи на 25 мај во Париз, Франција. „Малина“ е дебитанско остварување на Анастасија Лазарова Пилинг и претставува современа приказна за потрага на сопстевниот идентитет од страна на две тинејџерки. Со свеж авторски пристап филмската приказна сместена во две деноноќија се фокусира на соочување со љубовта и пријателството и обидите за надминување на одредени стигми.
Покрај режисер на филмот кој е во продукција на „Монолит филм“, Анастасија Лазарова Пилинг се потпишува и како сценарист. Улогите ги толкуваат Сара Климоска и Ивана Павлаковиќ, Стефан Спасов, Бојан Кирковски и Амернис Јовановска-Нокшиќи. Кинематографер е Наум Доксески, монтажата е на Владимир Павловски сценографијата и костимите на Илина Ангеловска, а музиката на Дамјан Лазаров. Филмот „Малина“ е финасиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.