ЈАВЕН ПОВИК

Врз основа на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на филмските работници за време на вонредна состојба (Сл. весник бр. 139 /2020) , а со цел поддршка на независните филмски работници кои се директно засегнати од кризата предизвикана од епидемијата на COVID-19, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на барања за користење на финансиска поддршка на филмските работници

Јавниот повик се однесува на филмските работници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19.

„Филмски работник“ е лице кое учествува во производство на филм.

Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари.
Финансиската поддршка не може да ја оствари филмски работник кој е опфатен со Уредбата за финансиска поддршка на самостојните уметници за време на вонредна состојба, истиот е во редовен работен однос или е примател на пензија согласно евиденцијата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија, остварува други приходи по било кој основ и е опфатен со другите економски мерки на Владата на Република Северна Македонија за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19.

Услови за учество:

Корисник на финансиска поддршка може да биде филмски работник – барател на финансиска поддршка, ако:

  •  е државјанин на Република Северна Македонија;
  •  во последните пет години работел на минимум три филма поддржани од Агенцијата и
  •  реализацијата на филмовите кои се поддржани од Агенцијата, а во чие производство барателот на финансиската поддршка требало да учествува, е откажана или одложена поради здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19.

Начин на пријавување:

Барателот на финансиската поддршка во рок од 15 дена од денот на објавувањето на јавниот повик до Агенцијата доставува

Документите на пропишани на образци потребно да се преземат од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk ) и да се пополнат на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификуваат.

Документите потребно е да се испратат по поштенски пат на адреса: ул.8 Март бр.4, 1000 Скопје или по електронски пат на contact@filmagency.gov.mk

Рок за пријавување:

Рокот за пријавување по јавниот повик е до 15.јуни.2020 година.

Сите барања доставени по истек на рокот нема да бидат разгледувани.

Начин и рок на одлучување:

За користење на финансиската поддршка на филмските работници одлучува Комисија за финансиска поддршка на филмските работници. Комисијата се состои од пет члена, тројца од редот на вработените во Агенцијата и двајца на предлог на Друштвото на филмски работници на Македонија.

Директорот на Агенцијата, на предлог на Комисијата донесува Решенија за утврдување право на финансиска поддршка.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија врз основа на донесените Решенија, согласно член 6 од Уредбата со законска сила за формирање на Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот Covid-19, врши исплата на средства за финансиска поддршка на трансакционата сметка на корисникот на финансиска поддршка, најмногу во рок од 15 дена од денот на доставувањето на Решенијата.