Управниот одбор на  Фондод за Еуроимаж на Советот на Европа на својата 158 седница која се одржа денеска онлајн финасиски го поддржа „Преекспонирано“ на македонската режисерка Елеонора Венинова со износ од 88.000 евра.

Долгометражниот игран филм на Елеонора Венинова е во продукција на DNF Films во кој се зборува за проблематична тинејџерка која ја нарушува кревката рамнотежа на една брачна двојка откако ќе дојде кај нив на гости на неколку дена.

Еуроимаж  на оваа седница поддржа 19 играни филмови, 2 анимирани и 7 документарци со вкупна сума 6.138.000 евра.

Од Еуроимаж истакнаа дека 37,5% од поддржаните проекти се од женски режисери и  дека 2.078.000 евра беа доделени на овие проекти, што претставува 34% од вкупно доделената сума.

Сите поддржани проекти се објавени на следниот линк:

https://www.coe.int/en/web/eurimages/-/28-co-productions-supported-at-the-158th-eurimages-board-of-management-meeting?fbclid=IwAR0v22B-ImQ_eSXeb77HP-3DG