„СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА“ СЕЛЕКТИРАН НА WORKS IN PROGRESS ПРИ ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО КАРЛОВИ ВАРИ

 „Снежана на крајот умира“  во режија и по сценарио на Кристијан Ристески е селектиран и ќе биде прикажан на сесијата Works in progress при Филмскиот фестивал Карлови Вари.

Ова претставува голем успех бидејќи филмот ќе биде презентиран пред авторитети на европската филмска индустрија во рамки на филмски фестивал од А категорија.

Сесијата Works in progress во рамките на престижниот интернационален филмски фестивал Карлови Вари ќе се одржи на 6 и на 7 јули онлајн од 14 до 17 часот.

Во селекцијата за Works in progress влезени се 8 филмски проекти, сите во пост-продукција од Централна и Источна Европа, Балкан, земјите од поранешниот  Советски сојуз, Среден Исток и Северна Африка.

„Снежана на крајот умира“, чиј продуцент е Дарко Попов говори за седум луѓе кои живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р.С.Македонија.

На овој линк може да ја прочитате објавата на „Вараети“ поврзана со овој настан