ДЕБИТАНТИ И ДОКУМЕНТАРЦИ – ПОВТОРНО ЈАВАЧИ НА НОВИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМСКИ БРАН

Во текот на изминатиот турбулентен период, панедемиски, предизборен и период во кој имаше многу притисоци, пред објавувањaта на резултатите од конкурсот за филм, Агенцијата за филм, имаше една и единствена мисија: да го спроведе конкурсот за долг, краток, игран, документарен и анимиран филм и да даде поддршка да се реализираат најдобрите пријавени дела. Резултатот од конкурсот е објективен, непристрасен, современ и квалитетен избор.

Понудата беше шаренолика, а целта е да се селектира најдоброто , со идеја да се продолжи со досегашниот подем на новиот бран на македонскиот филм.

Покрај двата етаблирани долгометражни режисери Милчо Манчевски и Теона Митевска, кои добиваат по 500.000 евра за своите нови филмови “Кајмак” и “Најсреќниот човек на светот”, на овој конкурс се поддржани четворица дебитанти. Станува збор за автори кои уште со своите краткометражни филмови покажаа оригиналност, силен потенцијал за авторство. Столевски кој на фестивалот „Санденс“ победи со „Види ја ти неа“, во своето долгометражно деби „Домаќинство за почетници“ ветува интересна приказна за различностите, за хуманоста, солидарноста, зборува на универзален јазик, ги руши матриците и табуата за сексуланата ориентација, Димитар Оровчанец во „Убиј ги прво децата“ нуди урбана приказна, една перецепција на младите и нивната леснотија да се справат и со најсложени ситуации, додека Агим Абдула во „Кома“ креира приказна за човечката истрајност, искушенијата, а Андреј Илиевски

Волкашин кој покажа голема оригиналност и во краткометражниот филм, тоа го нуди и со ова сценарио за неговиот прв игран филм. Тоа што е важно е дека овие млади, но зрели автори со темите кореспондираат универзално иако ја носат таа автентичност на новиот македонски филмски бран.

Македонскиот документарен филм и овој пат доби свое битно место во конкурсот, каде се поддржани четири филмски проекти во овој жанр, и една малцинска ко-продукција, каде главен носител е позната германска продукција. Дел од темите што се обработуваат се брутализам како правец во архитектурата, емиграција, пририодни феномени…

Особен предизвик се филмовите каде македонските копродукции се со малциниски удели, бидејќи станува збор за скапи филмови, особено за прв пат во историјата имаме соработка со грчка продукција, а тука се соработките со Хрватска и Црна Гора.

Има четири кратки филмови од кои два на дебитанти, два на веќе реализирани режисери, а од категоијата анимирани филмови има само еден – “Жиголо” на Жарко Иванов.

Се очекува успех и со радост се чека пробивот на младата филмска сила кој е несопирлив и што навестува континуитетот на видливост во светот што нè следи во изминативе три години.

Линк до листата на добиени проекти: http://filmfund.gov.mk/?page_id=1199