ПОЧНА СНИМАЊЕТО НА ФИЛМОТ „ДЕНОТ НА ЖЕНАТА“
Во Скопје започна снимањето на филмот „Денот на жената“ во режија на Гоце Цветановски.
Покрај главниот град, филмот ќе се снима и на неколку локации во Куманово, а неговото снимање се планира да заврши до крајот на октомври.
Во фокусот на овој крими трилер е трговијата со жени и присилната проституција. Пораката која ја донесува филмската приказна на Цветановски е оптимистичка, дека правдата е посилна од неправдата.
Главната женска улога и е доделена на Слаѓана Вујошевиќ, а главните машки улоги ги толкуваат Муса Исаифи и Исмаил Касуми. Во останатите улоги се појавуваа катерина Коцевска, Егзона Салиху и бугарската актерка Елени Декидис.
Директор на фотографијата е Фејми Даут.
„Денот на жената“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р.Северна Македонија.