ЗАПОЧНА СНИМАЊЕТО НА „МИМИ“

На локација во строгиот центар на Скопје започна снимањето на долгометражниот игран филм „Мими“.

Во режија на Даријан Пејовски, кој е и автор на сценариото „Мими“ е психолошка драма за девојка, која потисната од родовите предрасуди во своето родно место се населува во Скопје. Запознавајќи се со Сара меѓунив се развива пријателство кое за брзо време прераснува во опсесија.

Во „Мими“ улогите ги толуваат Наталија Теодисиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Сашко Коцев, Стефан Спасов, Дениз Абдула и Владимир Петковиќ. Продуцент е Томи Салковски, кинематограф е  Дејан Димески, сценограф е  Игор Тошевски, а костимограф Емилија И. Атанасовска.

Снимањето на филмот ќе трае до 16 ноември низ повеќе локации низ Скопје и тоа се одвива според сите протоколи за заштита од Ковид-19.

„Мими“ е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р.Северна Македонија.