Со премиерата на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина, Косово играниот филм „Дедо и внук“ ја започна својата светска промоција.

Дебитнатскиот игран филм на Илија Пиперкоски “Дeдо и внук”, оваа година беше дел од програмата “Крв и мед”, на 12-то издание на фестивалот кое што заради пандемијата на COVID-19 се одржа во хибридно онлајн издание. Инаку, познатата актерка Ванеса Редгрејв е една од помагателите на овој фестивал и е претседател на почесниот одбор на фестивалот кој се се смета за најважен филмски настан во Косово.

Asian Cinematography Awards (ACA) е филмски фестивал основан и управуван од професионалци во филмската индустрија на Фондацијата за награди за кинематографија во Манила. Негувајќи ја кинематографската работа фестивалот доделува награди преку целата година на најдобрите кинематографи.

На овој фествал наградата за најдобар Директор на Фотографија – Кинематографер ја доби Патру Паунеску за филмот на “Дедо и внук”.

Филмот го продолжува фестивалскиот живот на фестивалот ДАРДАН фест во Албанија, на крајот од месецот Октомври.

„Дедо и внук“ е во режија и сценарио на Илија Пиперкоски. Зад продукцијата на филмот стои Pandora’s Box продукција од Охрид во соработка со Dream Factory од Скопје и Alien Film од Романија.

Главните улога во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, заедно со Салаетин Билал (19 март 194210 мај 2018), Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Директорот на фотографија од Романија – Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, Костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудиа Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску, монтажер е Данчо Стефков, композитор е Оливер Тевчев, а продуцент на филмот е Огнен Антов.

Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент,во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса.

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Р. Северна Македонија.