ЈАВЕН ПОВИК

Согласно Одлука  нa Влада (Сл. весник бр. 297/2020), за  финансиска поддршка на филмски работници, Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за доставување на барања за користење на финансиска поддршка на филмски работници

Со влегувањето во сила на Одлука (Службен весник 297/2020), престанува да важи Одлуката за давање финансиска поддршка на филмски работници објавена во Службен весник 295/2020. Јавниот повик објавен на 17.12.2020 се поништува и  апликациите кои пристигнаа по истиот се неважечки. Потребно е да бидат повторно доставени согласно новиот Јавен повик.

Јавниот повик се однесува на филмските работници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19.

„Филмски работник“ е лице кое учествува во производство на филм.

„Производство на филм“ се креативни, организациски и финансики активности за пренесување на филмското сценарио на подлога преку соодветна технологија.

Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства во нето износ од 14,500 денари, 18, 000 денари, односно 21, 500 денари.

Услови за учество:

Корисник на финансиска поддршка може да биде филмски работник – барател на финансиска поддршка, ако:

  •  е државјанин на Република Северна Македонија;
  •  во последните пет години работел на минимум три филма поддржани од Агенцијата
  •  е невработено лице според евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија
  • не е корисник на пензија според евиденцијата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија
  • во периодот од јануари до август 2020 година осварил приход во нето износ до 80, 000 денари, односно остварил нето приход до 60, 000 денари, односно остварил нето приход до 40, 000, од учество во производство на филм, според Управата за јавни приходи.

Начин на пријавување:

Барателот на финансиската поддршка во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на јавниот повик до Агенцијата доставува

Образците се достапни и треба да бидат преземени од  веб-локацијата на Агенцијата за филм, (http://filmfund.gov.mk/):

Образците ЗАДОЛЖИТЕЛНО  треба да бидат во својата оригинална форма, односно да не бидат видоизменети,  да се пополнат на македонски јазик, електронски (да не се пополнуваат рачно) со впишување на податоци на означеното место, и да се потпишат од страна на барателот.

Образците ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се испратат во испечатена форма по пошта на адреса: ул.„8 Март бр“.4, 1000 Скопје и по електронски пат на info@filmagency.gov.mk.

Во прилог на барањето, задолжително треба да има допис во кој ќе се наведе контакт телефон на барателот на финансиска помош.

Рок за пријавување:

Рокот за пријавување по јавниот повик е до 23 декември 2020 година.

Сите барања доставени по истек на рокот нема да бидат разгледувани.

Начин и рок на одлучување:

За користење на финансиската поддршка на филмските работници одлучува Комисија за финансиска поддршка на филмските работници. Комисијата се состои од пет члена, тројца од редот на вработените во Агенцијата и двајца на предлог на Друштвото на филмски работници на Македонија.

Во прилог на кандидатите e во склоп на своето барање да достават и валидни договори за работа на наведените најмалку три филма во последните пет години, поддржани од Агенцијата за филм, склучени  со:

  • Продуцентот на филмот или
  • Копродуцентот на филмот или
  • Компанија која е најмена за испорачување услуги за потребите на филмот

Комисијата е задолжена да  ја провери веродостојноста на наведените информации и да ја потврди со приложување на соодветни документи кои ако не ги достави барателот, ќе ги обезбеди од сопствената архива или ќе ги побара од продуцентите. Во недостаток на валиден договор за работа, од трите наведени извори, Комисијата нема да биде во можност да ја потврди веродостојноста на наведените информации и кандидатот ќе биде одбиен.

Директорот на Агенцијата, на предлог на Комисијата донесува Решенија за утврдување право на финансиска поддршка.

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија врз основа на донесените Решенија, согласно член 6 од Уредбата со законска сила за формирање на Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот Covid-19, врши исплата на средства за финансиска поддршка на трансакционата сметка на корисникот на финансиска поддршка, најмногу во рок од 1(еден) ден од денот на доставувањето на Решенијата.