„СТЕЛА“ ГО ОТВОРИ НАЈГОЛЕМИОТ РЕГИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ ЗА ДЕЦА „КИДС ФЕСТ“

Стела“ во режија на  Стојан Вујичиќ  го отвори годинашното издание на најголемиот регионален фестивал за детски филмови „КИДС ФЕСТ “.

Ова претставува нов интернационален успех на првиот македонски долгометражен филм , кој доаѓа по големиот успех во Македонија.

Во согласност со сите мерки на претпазливост проекцијата на „Стела“ на која присуствуваше и главната актерка во филмот Христина Поповиќ се прикажа во киното „Комбанк Дворана“ во Белград.

Според режисерот Вујичиќ, филмот „Стела“ е приказна раскажана низ тешка и сложена врска помеѓуединаесетгодишниот Никола и неговата околина. Ова е е филм за вистината, една, единствена и непроменлива категорија, филм за надежта што сите ние треба да ја имаме.

 

 По очајниот обид да го предизвика вниманието на неговите родители, 11-годишното момче Никола бега од дома.  Стела, куче Шарпланинец, е единствената што може да го најде патот до неговото срце и да му ја врати вербата во животот. „Стела е филм за вистината, една, единствена и непроменлива категорија. 

 

Филмот во септември имаше светска премиера во рамките на Фестивалот на европски филм Синедејс 2020.

 Покрај  Христина Поповиќ, која ја игра улогата на мајката во филмот улогите ги толкуваат: 13-годишниот Петар Маниќ кому ова му беше прва улога, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски и Симеон Дамески, и секако шарпланинката Стела.

Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, а снимател на звукот е Срѓан Бајски.

Продуцент на филмот кој е снимен како македонсо-српско-германска копродукција е „Дрим фектори“.

Првпат во нашата држава, филмот „Стела“ се реализира во ЕКО или ЗЕЛЕНА продукција. Водени од најновите светски еколошки стандарди продукцијата се труди да ја намали емисијата на штетни гасови, да го рециклира отпадот според стандарди од Американската асоцијација на филмски продуценти. http://kids-fest.com/ http://kids-fest.com/