АГЕНЦИЈА ЗА ФИЛМ: 2020 БЕШЕ ПОЛНА СО ПРЕДИЗВИЦИ, НО И УСПЕСИ

  • Сeлекција на Филмскиот фестивал во  Родердам

Долгометражниот игран филм „Барајќи ја Венера“ во режија на Норика Сефакој кој е косовско-македонска копродукција е  селектиран во програмата Tiger competition на претстојното издание на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам. Филмот кој на Ротердам ќе ја доживее својата светска премиера е финансиски поддржан од страна Агенцијата за филм на Конкурсот за учество во финансирање на домашни и филмови со македонско малцинско учество на почетокот на 2020 година. Од нашата земја копродуцент е продуцентската куќа Аудиохаус. https://iffr.com/en/2021/films/looking-for-venera

  • Нови три награди за “Налепница”

Краткометражниот игран филм „Налепница“ на Георги М. Унковски кој својата светска премиера ја имаше на почетокот на оваа година на реномираниот американски фестивал на независни филмови Санденс, учествуваше на повеќе од 170 филмски фестивали и доби десетици награди (меѓу кои најдобар краток филм на Меѓународниот фестивал за краток филм “Ин д палас” – со кој се квалификуваше во трката за номинација за наградата ОСКАР, најдобар краток игран филм на Филмски фестивал во Нешвил, САД, најдобар краток филм на Бруклин Филм Фестивал, САД) освои нови три награди на Usak Film Festival, Турција и тоа: награда за најдобра режија, за најдобар актер во главна улога и за најдобар дизајн на звук. Филмот е поддржан од страна на Агенцијата за филм во 2018 година.

https://www.stickershortfilm.com/

https://www.usakfilmfest.com/kazananlar?lang=en

  • “Улиште” во селекција на Санденс

Со селекцијата на филмот „Улиште“ (Hive) на косовската режисерка Блерта Башоли, С. Македонија е повторно дел од Санденс, како земја ко-продуцент со поддршка на Агенцијата за филм во 2018 година. „Улиште“ е дел од селекцијата на Санденс за 2021 година и истиот е копродукција помеѓу Косово, С. Македонија, Швајцарија и Албанија. Македонската продукциска куќа “Скопје Филм Студио” стои зад овој проект.

Вратите на најголемиот американски фестивал за независен филм Санденс последните години се широко отворени за македонската кинематографија. Во 2018 година краткиот филм „Види ја ти неа“ на Горан Столевски во програмата краток филм ја освои наградата Најдобар интернационален игран филм. „Медена земја“ 2019 година на Санденс освои три награди (Големата награда на Жирито, Најдобар документарен филм и Награда за најдобра кинематографија)

 https://www.sundance.org/blogs/news/2021-sundance-film-festival–full-program-announced

Ова се само дел од успесите на нашата кинематографија со кои ја заокружуваме 2020 година, но извесно е дека и во 2021 година С. Македонија повторно ќе биде присутна на големите меѓународни фестивали, но и на проекти и активности за промоција на сите сегменти од филмската индустрија.