КОНКУРС ЗА УЧЕСТВО НА АГЕНЦИЈАТА ВО ФИНАНСИРАЊЕ НА ДОМАШНИ ФИЛМОВИ И ФИЛМОВИ СО МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСКО УЧЕСТВО

I. Општи информации 

 

Конкурсот се распишува за учество на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија во финансирање на домашни филмови и филмови со македонско малцинско учество кои се во фаза на постпродукција, за меѓународна промоција на домашни филмови преку учество на фестивали и манифестации и поддршка за промоција и дистрибуција на филмови во Република Северна Македонија и во странство за 2021 година и промоција на Република Северна Македонија како филмска дестинација.

Конкурсот е наменет за филмови кои во моментот на аплицирање се во фаза на пост продукција или се во целост завршени со реализацијата и не се претходно, по било кој основ, поддржани од страна на Агенцијата за филм.

За меѓународна промоција може да конкурира филмски продуцент на филм кој во момент на поднесување на барањето не е поминато повеќе од една година од денот на неговото премиерно прикажување.

II. Конкурсот е отворен и трае во текот на цела година

Пријавувањето се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk) да се пополни на македонски јазик со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

 

За секоја Пријава се одлучува поединчено согласно Законот за филмската дејност со Одлука на Управен одбор во рок до 30 дена од денот на поднесувањето.

Подносителите на барањата прифатени на Конкурсот по добивање на одлуката, со директорот на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија склучуваат договор за учество во финансирање зависно од доставеното барање.

На Конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:

– cе поднесени од страна на филмски продуцент, кој во Центарлниот регистар на Република Северна Македонија не е регистриран со претежна дејност – производство на филмови;

– се поднесени на  несоодветен  образец –  Пријава по Конкурс;

– се  непотполни и неуредно доставени

III. Начин на користење на средства 

Правните лица чии барања се одобрени на Конкурсот, односно корисниците на средствата се должни средствата да ги трошат наменски и законски согласно Законот за филмската дејност и останатите позитивни законски прописи во Република Северна Македонија и одредбите пропишани во договорот кој ќе го склучат со Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

По реализација на проектите корисниците се обврзани да достават извештај за потрошените средства со прилог документација за направени трошоци (договори, фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

IV. Начин на пријавување по Конкурс

Документацијата по Конкурс треба да се достави до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“ бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на Конкурс за учество на Агенцијата во финансирање на домашни филмови и филмови со македонско малцинско учество“.

V. Дополнителни информации 

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност на телефонскот број 02/3224-100.

*Пријавa за финансирање на дореализација на домашни филмови за меѓународна промоција преку учество на фестивали и манифестации, промоција и дистрибуција во Република Северна Македонија

*Пријавa за финансирање на домашни филмови за нивна дореализација, за меѓународна промоција преку учество на фестивали и манифестации и промоција и дистрибуција во Република Северна Македонија –  за филмови со македонско малцинско финансиско учество