Светска премиера на филмот на Дина Дума – „Сестри“ на 55. Издание на фестивалот во Карлови Вари

 

„Сестри“ – дебитанскиот долгометражен филм на младата режисерка Дина Дума, во продукција на Лист продукција ја доживеа својата премиера на престижниот фестивал во Карлови Вари кој се одржува во период од 20-28 август . Филмот својата премиера ја имаше на 23. aвгуст во програмата East of the West, проследен со уште неколку дополнителни проекции. Оваа селекеција е наменета за автори на прв и втор долгометражен филм од Централна и Источна Европа, Балканот, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Средниот  Исток и Северна Африка.

“Сестри” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Филмскиот фестивал во Карлови Вари е најголемиот фестивал во Република Чешка и најпрестижен во Централна и Источна Европа. Тој е еден од најстарите филмски фестивали од А категорија, заедно со фестивалите во Кан, Верлин, Венеција,  Локарно, Сан Себастијан.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, музиката е на Игор Василев – Новоградска, а дизајнот на звук на Ристо Алчинов.

“Сестри” е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Северна Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.

За време на одржувањето на фестивалот, филмскиот портал Cineuropa објави и своја рецензија за филмот која можете да ја погледнете на следниот ЛИНК