Врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмска дејност („Сл. весник на Република Северна Македонија’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18и 275/19), Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:
КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ – организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2022 година
I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за:
– Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер.
II. ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ
Право на учество имаат правни лица регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија, непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации.
III ПРИОРИТЕТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија финансира проекти кои:
- Македонската кинематографија ја ставаат во интернационален контекст;
- Имаат европски, односно меѓународен карактер;
- Го промовираат интеркултурниот дијалог и развој на граѓанското општество;
- Се засновани на стручно и професионално знаење;
- Имаат висок квалитет и профилираност на основната дејност;
- Имаат занчителна посетеност;
- Се одржуваат континуирано и со традиција;
- Имаат едукативен аспект/квалитет на публикациите
IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ
Постапката за евалуација и одлучување на проектите, подетално е опишана во пријавата за учество на конкурсот објавен на веб страната на Агенцијата за филм.
На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:
– се доставени по истекот на рокот за пријава на проекти по Конкурсот;
– не се поднесени на пријава соодветна за овој Конкурс;
– се непотполни и неуредно доставени
V. ВИСИНА НА УЧЕСТВО НА АГЕНЦИЈАТА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ
Агенцијата за филм може да учествува во финансирањето на поднесените проекти согласно финансиските можности, а најмногудо 70% од вкупниот буџет на проектот.
VI. НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА
Корисниците се обврзуваат дека сите средства доделени од страна на Агенцијата ќе ги користат наменски, законски, рационално и економично согласно буџетот на проектот, од сметка за посебни намени т.н наменска сметка.
VII НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА
Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета пријава која е составен дел од конкурсот. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк) да се пополни на македонски јазик, електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.
Пријавата и документацијата по конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’.
Воедно пријавата и документацијата во прилог на пријавата воедно задолжително се доставуваат и во електронска форма на е-маил адресата: arhiva@filmagency.gov.mk
Краен рок за достава на пријави по конкурс е 25.02.2022 година.
VIII ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ
Проектите прифатени на конкурс ќе се објават и на веб страната на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
IX ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил:
Пријава може да ја превземете во следниве формати: PDF и DOC