СОНОТ НА ДЕРВИШОТ

Режисер:  Горан Костадинов
Продуцент:  Марјан Огненовски
Монтажа:  Горан Костадинов
Сценарио:  Катерина Групче
Директор на Фотографија:  Марјан Огненовски
Музика:  Иван Јованов
Главни Улоги:  Муртезан Муртеза, Катерина Групче

КРАТКА СОДРЖИНА:
Поимањето на животот како своевиден сон, кој е преодна фаза кон вистинскиот и опипливиот живот – смртта, е лајтмотивот на документарецов. Небесната болка, трансот и силната верба во Бог, во љубовта и во самите себе, тоа е своевидниот тарикат или духовен подвиг на дервишкиот ред Руфаи, кој преку своите ритуали им нуди прочистување и зрелост на своите дервиши. Уште од првиот документарен филм од 1955 „Дервиши“ во режија на Ацо Петровски, оваа тема останува инспирација за медиумските и филмските уметници. Документарниот филм со работен наслов „Сонот на дервишот“ е филм за вековната традиција која од колено на колено се пренесува како аманет. Да се биде Шех на едно теке е чест,но и задолжение. А за да се стане дервиш треба да се биде духом чист и чесен.Руфаиското теке во Скопје-Чаир е единственото одредот на руфаиските дервиши во Македонија. Изградено е во 1818 година. Муртезан Муртеза е 8-от Шех на ова теке и е пример за човек кој се бори со забот на времето, истовремено трудејќи се да ја зачува традицијата на Османлиите, а и самото теќе како културно наследство на Македонија.

ПРОДУЦЕНТСКИ КУЌИ:

Луна парк продукција
Партизански одреди 64-2/3,
1000 Скопје, Р. Македонија
lunapark.mk@gmail.com