ПРАВО КОН ЅВЕЗДИТЕ

Режисер:  Бранислав Поповиќ
Продуцент:  Бранислав Поповиќ
Монтажа:  Љупчо Трајковски
Сценарио:  Бранислав Поповиќ
Директoр на Фотографија:  Андреј Лембанов
Музика: Саундтрак од The Quiet Man, музика од 50те, Enjoy’, Garmoshka Track, Charlie Chaplin, La Violetera (Jose Padilla Sanchez)- City Lights Original Soundtrack, Johann Sebastian Bach, Brandenburg Concerto
Главни Улоги: Стојна Костовска, Кирил Поп Христов, Александар Микиќ, Висар Вишка, Кирил Трајковски, Дарја Ризова, Нино Леви

КРАТКА СОДРЖИНА:
„Право кон ѕвездите“ е документарен филм кој е посветен на Македонскиот народен театар во Скопје. Македонскиот столб на театарското творештво и раѓалиштето на многу театарски и воопшто актерски легенди е повеќе од мотив за да се создаде единство на спомените и современите случувања. Овој документарен филм ќе не наврати во времето кога постоел предходниот објект на МНТ, кој се срушил во земјотресот, на неговата работа пред земјотресот, за тогашната публика и нејзината култура на одење во театар. Сето ова доловено преку сведоштва на најголемите театарски легенди кои говорат во самиот филм, преку стари снимки кои воопшто постојат во архивите во земјава ќе ни го доближи духот на театарот од тоа време.Во исто време овој филм ќе не воведе во приказната од „новата ера“ на постоењето на МНТ.

ПРОДУЦЕНТСКИ КУЌИ:

Томато Продукција
Скупи 3 бб
1000 Скопје, Р. Македонија
tomato@tomato.com