ВОЛШЕБНИОТ РИД

Оригинален формат:   HD
Година на објавување:   2009
Времетраење:   22 мин.

Режисер:  Петар Џуровски
Продуцент:  Петар Џуровски
Извршен Продуцент:  Игор Цветковски
Монтажа:  Петар Џуровски
Сценарио:  Петар Џуровски
Директор на Фотографија:  Бранд Ферро
Музика:  Дејан Спасович
Главни Улоги:  Паско Кузман

КРАТКА СОДРЖИНА:
„Волшебниот рид“ е документарен филм кој со виртуелно патување ја раскажува приказната за исконскиот град Охрид и локалитетот Плаошник. Археолошките истражувања на просторот укажуваат на тоа дека Охрид бил стар крстопат на разни култури и народи. Спојувањето на различните цивилизации и религии од сите периоди, од праисторијата, па преку античкиот и ранохристијанскиот период и за време Османлиската империја, условува создавање на духовна врска која има вертикална претстава на светост. Затоа, оваа област се смета за историски космополитски простор кој ги спојува духовните цивилизации и религии. Особено внимание во овој филм е посветено на македонскиот светител и просветител Свети Климент.

НАГРАДИ:

  • Бронзена боровинка – Меѓународен филмски фестивал Јахорина, Пале, Босна и Херцеговина, 2013
  • Фестивали:
  • Меѓународен филмски фестивал „I’ve Seen Films“, Милано, Италија, 2011
  • Фестивал на европски филм, Букурешт, Романија, 2011
  • Меѓународен фестивал на археолошки филм, Роверто, Италија, 2010
  • Фестивал на македонски филм, Мелбурн, Австралија, 2010
ПРОДУЦЕНТСКИ КУЌИ:
Лавиринт Продукција
Никола Русински 3б-2/4
1000 Скопје, Р.Македонија
lavirintpro@t-home.com