Со оглед на сериозноста од ширењето на COVID 19 и прогласената пандемија во согласност со мерките и препораките на Министерството за Здравство, Владата на Република Северна Македонија и Светската здравствена организација  в.д. директорот на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија Горјан Тозија во рамките на редовното работење на Агенцијата донесе дополнителни мерки за внимание кои се однесуваат на поголема заштита на вработените во Агенцијата, странките на Агенцијата и граѓаните на Република Северна Македонија.

Во периодот од 16 март 2020 година се до завршувањето на ограничувањата од наведените институции во просториите на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија која се наоѓа на ул. 8 Март бр. 4 1000 Скопје се воведуваат следните мерки:

 

  1. Се откажуваат сите состаноци во просториите на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија .

Директорот и вработените остануваат достапни на фиксниот телефон на Агенцијата (02 3 224 100) и на службените електронски адреси info@filmagency.gov.mk и contact@filmagency.gov.mk, како и на мобилните телефонски броеви и е маил адреси кои ги има на веб страната на Агенцијата.

  1. Странките на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија се замолуваат целата своја документација да ја доставуваат по електронски пат на arhiva@filmagency.gov.mk
  2. Целата документација што ќе биде доставена во Архива, да биде скенирана или сликана, да биде видливо и читко и документот ќе се смета за уредно доставен и истиот ќе биде заверен во деловодната книга, а ќе има кратка потврда за примениот документ.

Мерките кои ги донесува Агенцијата за филм на Република Северна Македонија се мерки на претпазливост. Во понатамошното свое работење Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ќе се раководи од мерките и препораките кои ќе ги донесуваат Министерството за Здравство и Владата на Република Северна Македонија.

Нема причина за паника. Сега е време на солидарност и на огромни напори за спречување на ширење на вирусот COVID 19. Со овие мерки на претпазливост Агенцијата за филм на Република Северна Македонија придонесува кон јавното здравје и општествената одговорност.

 

        Ви благодариме на разбирањето!

                                                                                                                               Со почит,

                                                                                                                               Агенција за филм на РСМ