FIPADOC објави Повик за документарни проекти „Пронајдете го вашиот француски / германски партнер!“

Ве информираме дека Меѓународниот фестивал на документарен филм, FIPADOC, објави повик за документарни проекти за пичинг сесијата што ќе се одржи за време на следното издание на фестивалот во Биариц, Франција, од 22-ри до 27-ми јануари 2019 година. Краен рок за поднесување апликации на повикот наречен  „Пронајдете го вашиот француски / германски партнер!“ е 14-ти ноември 2018 година.

Селектираните проекти ќе бидат презентирани од страна на носителите на проектите пред  избрани делегати  од индустријата поканети од FIPADOC (ко-продуценти, радиодифузери, агенти за продажба …). Проектите кои бараат француски и / или германски партнери ќе имаат приоритет поради фактот што Германија е Почесната земја на FIPADOC за 2019 година.

Регулативи & формулар за аплицирање

Повеќе информации за фестивалот може да најдете на следниот линк:  www.fipadoc.com

2018-10-26T13:09:51+00:00