FIRST FILMS FIRST- Отворен повик за пријава

Повикот за пријава на работилницата FIRST FILMS FIRST е официјално отворен. Се работи за интензивна работилница во организација на Институтот Гете наменета за поддршка на филмски професионалци од југоисточна Европа, кои имаат дебитантски долгометражни проекти во развој.

FIRST FILMS FIRST се состои од 4 модули кои се  распоредени во текот на една година, со цел да им овозможат на учесниците детален развој на нивните долгометражни проекти.

Во програмата ќе бидат вклучени 8 учесници со цел прорамата индивидуално да се менува и приспособува согласно специфичните потреби на секој од учесниците.

Првиот модул ќе се одржи во месец јуни во рамки на Меѓународниот филмски фестивал во Трансилванија, Романија, по што следува второт модул во септември во рамки на Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Македонија и третиот модул во ноември/декември во рамки на Филмски фестивал на непрофесионален филм, Србија. Четвртиот и последен модул ќе се одржи во месец март, 2019 година во рамки на Меѓународниот филмски фестивал во Софија, Бугарија.

Краен рок за пријава е 1. март, 2019 година.

Подетални информации за програмата можете да најдете на http://firstfilmsfirst.com/

2018-12-21T12:04:03+00:00