LIM го отвора својот годишен повик за „Development angels “ наменет за филмски професионалци кои сакаат да ја зајакнат својата способност за следење на развојот на играните филмски проекти.

Крајниот рок за пријавување е 15 јануари, 2020 година.

Секој избран „development angel“ ќе има можност да работи заедно со избраните режисери во рамките на процесот на развој, следејќи го секој чекор од пристапот развиен од  страна на консултантите за сценарија. Тие исто така ќе присуствуваат и на предавања и сесии, дизајнирани во насока на  потенцирање на специфичните алатки за развој.

Четири „ development angel s“ ќе  учествуваат на секоја од трите еднонеделни LIM сесии во Европа во текот на годината. Дванаесет учесници избрани на овој повик на тој начин ќе можат да го следат развојот на четири проекти во тој период, а истовремено да бидат менторирани од страна на Антоан Ле Бос, кој е уметнички директор на LIМ „Le Groupe Ouest“.

LIM програмата ќе се одржи во периодот помеѓу март и октомври 2020 година.

Повеќе информации за повикот на https://lim-lessismore.eu/how-to-apply/