LIM | Less is More 2019: Рокот за испраќање на проекти истекува на 31-ви октомври

LIM | Less is More, Европската програма за развој на долгометражни филмови со ограничен буџет, го објави својот трет повик за проекти по успехот од претходните две години.  Во 2017 година, процесот на селекција вклучуваше 65 земји. Рокот за аплицирање завршува на 31-ви октомври.


Кој може да аплицира

Филмски професионалци (сценаристи, режисери) од Европа и пошироко, веќе познати или по нивните краткометражни филмови или први долгометражни филмови, кои сакаат да работат низ призмата на филмска продукција со ограничен буџет.

Повикот е отворен за први, втори и трети долгометражни филмски проекти, како и за уметници кои доаѓаат од театарски, документарни и визуелни уметности, кои аплицираат со проект во рана фаза на развој.

LIM се состои од три едно-неделни работилници во три европски земји во периодот помеѓу март и октомври 2019 година.

Секој режисер ќе има можност да биде следен од страна на четири консултанти за сценарио (комбинирајќи ги нивните знаења за секој проект во текот на годината), како и да имаат корист од експертизата на искусни европски продуценти. Во прилог на сесиите за развој на сценарија, LIM организира Industry Meeting состанок во Клуж-Напока (Романија) за време на Меѓународниот филмски фестивал Трансилванија, овозможувајќи им на сите одбрани проекти да се сретнат со потенцијални продуценти или копродуценти, како и финансиски партнери.

Повеќе детали околу процесот на апликација можете да најдете на следниот линк: https://lim-lessismore.eu/how-to-apply-2/

  

2018-10-04T10:09:31+00:00