LIM2019: Меѓународниот повик за проекти е се уште отворен – Рокот за аплицирање продолжен до 4-ти ноември

LIM | Less is More, Европската програма за развој на долгометражни филмови, го продолжи рокот за аплицирање на третиот повик за проекти до 4-ти ноември 2018 година.

LIM се состои од три едно-неделни работилници во три европски земји во периодот помеѓу март и октомври 2019 година.

LIM им нуди на новата генерација на филмски професионалци, веќе познати по нивните кратки филмови, први играни филмови или достигнувања во визуелните уметности или театарот, можност за дизајнирање на сопствената рута во филмска продукција со ограничен буџет.
Покрај развој на сценарија, програмата вклучува средби со потенцијални продуценти или ко-продуценти и финансиски партнери.

Повеќе детали околу процесот на аплицирање можете да најдете на следниот линк: https://lim-lessismore.eu/how-to-apply-2/

2018-11-01T10:39:34+00:00