Агенцијата за филм на Северна Македонија на Кански филмски фестивал 2019 – ПЕТТИ ДЕН

Состанок помеѓу директорите на Грчкиот филмски центар и Агенција за филм на Северна Македонија

 

На македонскиот штанд во текот на денешниот ден се оствари значајна средба помеѓу директорот на Грчкиот филмски центар, г. Василис Космопулос и директорот на Агенција за филм на Северна Македонија, г. Горјан Тозија. Г. Космопулос го посети македонскиот штанд и сподели искрени честитки за нашиот прием во Европската асоцијација на филмски агенции – EFADs. На состанокот, што претставува прва официјална средба помеѓу директорите на двете институции, се констатираше дека поскоро треба да се започне со заедничка соработка со цел да се надомести изгубеното време во последните 20 години. Директорите разговараа за конкретни проекти и иницијативи и договорен е календар на активности кои се очекува да започнат со реализација во следните два месеци.

 

2019-05-20T21:51:15+00:00