“ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО И’ Е ПЕТРУНИЈА” СЕ ЗАКИТИ СО УШТЕ ЕДНА НАГРАДА, ГЛАВНАТА НАГРАДА НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО КЕЛН/ДОРТМУНД ГЕРМАНИЈА.

Долгометражниот игран филм  “Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска се закити со уште една престижна награда на штотуку завршениот фестивал Меѓународен женски филмски фестивал, Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival.

Овој фестивал е посветен на женски автори и во главната конуренција се одбираат само осум филма од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда.

Годинава тричленото жири, се одлучи главната награда во парична вредност од 15 000 евра, да ја додели на  “Господ постои, името и’ е Петрунија”  и  доделувајќи ја наградата истакна: „Oдлучивме да ја  доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата“. Филмот наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност.

Теона С. Митевска за да и биде врачена наградата на завршната церемонија допатува од Go East филмскиот фестивал во Визбаден, каде е претседателка на интернационалното жири и каде филмот  “Господ постои, името и’ е Петрунија” на 10 Април со голем успех го отвори фестивалот.

Во месец Април, “Господ постои, името и’ е Петрунија” патува на шест фестивали, меѓу кои и Филмскиот фестивал во Москва, Русија, каде еден од најголемите руски дистрибутери Русико го откупи филмот за дистрибуција на територија на  Русија и Украина.

Интернационалниот продажен агент Пирамид кој ги откупи и правата за дистрибуција на француската територија активно се подготвува за киноприкажувањето во Франција, и со големо задоволство соопштува дека на 1 Мај ја започнуваат дистрибуцијата во шеесет кино сали на низ цела Франција, од кои седум се во Париз.

“Господ постои, името и’ е Петрунија”  патува и низ цела Македонија, по успешните преставувања во Скопје, Битола, Прилеп, веќе на 20 и 21 Април ќе биде прикажан и во градот каде што беше сниман, Штип.

Филмот е финасиски подржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

2019-04-15T12:10:08+00:00