Два пати мртов

 

Режисер:  Афердита Кики

Продуцент:  Заријета Јајага

Извршен Продуцент:  Љумтурије Кастрати

Сценарио:   Љумтурије Кастрати

Главни Улоги:  Наим Велиу

Кратка содржина:
Наип, алиас Наим Велиу, после 42 години, целосно трауматизиран во својот живот, се враќа во своето родно место, во својата роднина, за која сонуваше и копнееше четири децении. Двапати му беше изречена смртна казна, но сепак судбината сакала да остане жив! Само една буква од неговото име му овозможи да не биде егзекутиран и покрај тоа што на листата за егзекуција бил прв! Со смртна казна беше осудуван за време на режимот на бивша Југославија, затоа што како официр на Југословенската Армија дезертирал од редовите на таа војска и пребегнал во Албанија. И во таа земја, веднаш ќе биде третиран како сомнително лице , како што обично беа третирани сите Албанци кои пребегнале од насилството за време на Информбирото во тогашна Југославија. Десет години поминал по разни затвори во Албанија, но сепак се спасил од смртна казна! Во својата 80 годишна возраст, тој се враќа во своето огниште, планинското село Оркоц-Кумановско, напуштено во целост од своите жители. Но, на Велиу не му пречело тоа да изгради една куќичка и да живее сам, со убавите спомени од времето на својата младост.


Продуцентски куќи:

Елвен филм

Методија Митевски 12/2/10 Топанско поле

1000 Скопје, Македонија

zjajaga@hotmail.com

2019-01-28T12:10:16+00:00