Доделени наградите на учесниците на програмата „Shooting Stars“

Вечерва (11ти февруари) во Берлин се одржа свечената церемонија на доделување награди на 22 издание на програмата „Shooting Stars“ под покровителство на меѓународната организација European Film Promotion (EFP).

На свечената церемонија, која се одржа во салта Берлинале Палас со почеток во 18.15ч. беа претставени 10те најдобри млади актери од цела Европа, меѓу кои и официјалниот учесник од Македонија, актерот Благој Веселинов. Актерите беа претставени од страна од страна на режисерката Теона Митевска и актерот Ингвар Сигурдсон (Исланд) кои се овогодинешни членови на жирито.

По доделувањето на наградите следеше проекција на филмот „Vice“ по сценарио и во режија на Адам Мекеј.

2019-03-22T14:05:22+00:00