Заврши снимањето на долгометражниот игран филм „Хомо“

Заврши снимањето на долгометражниот игран филм „Хомо“ во режија на Игор Иванов. Филмот се снимаше на бројни локации низ Скопје во период од 5 недели во текот на месец март и април.

Продуцент на филмот е Скопје Филм Студио а копродуценти се  Гала филм (Бугарија), Арт енд Попкорн (Србија), Иридиум филм (Бојан Станкович) и Тригер филм (Косово), а финансиски е подржан од Агенцијата за филм.

Режисер и сценарист е Игор Иванов, косценарист е Сашо Кокаланов, а екипата која работеше на филмот ја сочинуваат Маја Радошевиќ кинематографер, сценограф Кирил Спасески, костимограф Полонца Валентинчич, тонец Борис Трајанов, а шминката е на Аленка Нахтигал. Продуценти на филмот се  Томи Салковски, Галина Тонева, Мирослав Могоровиќ, Бојан Станковиќ, Лумбард Кукај.

Улогите ги толкуваат Игор Ангелов, Оливер Митковски, Сашко Коцев, Наташа Петровиќ, Јелена Јованова, Серѓеј Димовски, Симон Дамевски, Јордан Симонов,  Мајлинда Косумовиќ, Басри Луштаку, Себастијан Каваца и др.

2019-04-16T11:48:57+00:00