Меѓународна премиера на анимираниот филм “Готлиб” на интернационален фестивал за анимиран филм Анимаком во Билбао

Краткиот анимиран филм “Готлиб” во режија на Крсте Господиновски, по премиерното прикажување на домашниот филмски фесетивал Синедејс, својата меѓународна премиера ќе ја има на интернационалниот фестивал за анимиран филм Анимаком во Билбао (Шпанија). Заедно со уште 32 филма Готлиб ќе се натпреварува во официјалната конкуренција за една од наградите на фестивалот.  Филмот е работен по сценарио на Крсте Господиновски, директор на фотографија е Горан Наумовски, на анимацијата работеа Викторија Динева, Гоце Господиновски и Крсте Господиновски и музика на Гоце Наумов. Филмот е во продукција на Узенгија и копродукција на Флип бук и Арс дигитал.Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

2019-04-19T15:34:39+00:00