Осветлената темнина

 

Оригинален формат:  HD (1080-1920)

Година на објавување:   2015

Времетраење:  23`

Режисер:   Арсим Фазлија

Продуцент:   Музафер Етеми

Монтажа:  Шпетим Амети

Сценарио:  Арсим Фазлија

Директор на Фотографија:  Реџеп Ибрахими

Музика:  Илир Барјами

Главни Улоги:   Зелије Бериша, Неби Бериша, Валбона Бериша, Валон Бериша, Валмира Бериша, Диeлза Бериша

Кратка содржина:
Семејството Бериша од Призрен, Р. Косово се херои на овој документарен филм. Семејстово се состои од шест членови, таткото Неби, мајката Зелије и четири деца, Валбона, Валон, Валмира и Диелза. Освен поголемата ќерка, другите три деца на ова семејство на 7-8 годишна возраст го загубиле видот како резултат на една болест која предизвикува изумирање на клетки на видот. Субјектот на овој документарен филм е амбицијата на ова семејство да го надмине овој голем предизвик, особено мајката која од домаќинка се претворува во еден вид педагог и наставник, бидејќи таа им ги чита школските лекции на децата додека не ги научат напамет. Успехот веќе е видлив, Валон и Валмира сега се при завршување на мастер студии при Универзитетот во Тетово, додека Диелза (помалата ќерка) е на факултетот за правни студии во Призрен.


Награди:

  • „Сребрена потковица“ – Меѓународен филмски фестивал „АСТЕРФЕСТ“, Македонија, 2016

Фестивали:

  • Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2015
Продуцентски куќи:

Сејви продукција

Ул. 146, бр. 31 Тетово

1200 Тетово, Македонија

asejvim@gmail.com

2019-01-30T13:35:28+00:00