Осветлената темнина

 

Оригинален формат:  HD (1080-1920)

Година на објавување:  2015

Времетраење:  23`

Режисер:  Арсим Фазлија

Продуцент:  Музафер Етеми

Монтажа:  Шпетим Амети

Сценарио:  Арсим Фазлија

Директор на Фотографија:  Реџеп Ибрахими

Музика:  Илир Барјами

Главни Улоги:  Зелије Бериша, Неби Бериша, Валбона Бериша, Валон Бериша, Валмира Бериша, Диeлза Бериша

Кратка содржина:
Семејството Бериша од Призрен, Р. Косово се херои на овој документарен филм. Семејстово се состои од шест членови, таткото Неби, мајката Зелије и четири деца, Валбона, Валон, Валмира и Диелза. Освен поголемата ќерка, другите три деца на ова семејство на 7-8 годишна возраст го загубиле видот како резултат на една болест која предизвикува изумирање на клетки на видот. Субјектот на овој документарен филм е амбицијата на ова семејство да го надмине овој голем предизвик, особено мајката која од домаќинка се претворува во еден вид педагог и наставник, бидејќи таа им ги чита школските лекции на децата додека не ги научат напамет. Успехот веќе е видлив, Валон и Валмира сега се при завршување на мастер студии при Универзитетот во Тетово, додека Диелза (помалата ќерка) е на факултетот за правни студии во Призрен.


Фестивали:

Меѓународен филмски фестивал АСТЕРФЕСТ, Македонија, 2016

Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Битола, Македонија, 2015

Продуцентски куќи:

Сејви продукција

Ул. 146, бр. 31

Тетово 1200 Тетово,

Македонија asejvim@gmail.com

2019-01-22T15:11:23+00:00