Отворен повик за пријава за член на Комитетот за селекција на проекти на Албанскиот национален центар за кинематографија (игран / краткометражен / документарен филм)

Албанскиот национален центар за кинематографија отвора повик за домашни и странски експерти, за пријава за членство во Комитетот за избор на проекти за краткометражен,  игран и  документарен филм.

Критериуми кои кандидатите мора да ги исполнат за да бидат прифатливи за пријава:

* Членовите на Комитетот мора да бидат филмски работници, личности од областа на уметноста и културата

* Мора да имаат реализирано не помалку од 3 играни филмови, од кои најмалку еден мора да има остварено учество во официјална конкуренција на филмски фестивал од “А-категорија”

* Мора да зборува течно англиски

* Не смее да биде осудуван за кривично дело

* Мора да биде примерна јавна личност

Краен рок за пријава: 15 јули 2019 година

Линк за пријава:

<http://nationalfilmcenter.gov.al/index.php/formular-per-anetar-kmp/>

2019-06-17T11:08:09+00:00