“ПЕТРУНИЈА” ПРОДОЛЖУВА ДА ДОБИВА МЕЃУНАРОДНИ ПРИЗНАНИЈА, ОСВОИ УШТЕ ЕДНА НАГРАДА ЗА НАЈДОБРО СЦЕНАРИО

                   “Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска продолжува да ниже меѓународни фестивалски успеси. На штотуку завршениот 15 филмски фестивал Евроазија во Казахстан “Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја освои наградата за најдобро сценарио за сценаристите на филмот Елма Татарагиќ и Теона Стругар Митевска. Оваа победа филмот ја извојува во конкуренција со побединкот од Кан, кореанскиот “Паразит”.

                 Во месец јули “Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ќе биде прикажан на седум фестивали, а ќе започне и кино дистибуцијата на филмот во Кина.

Јулската турнеа на филмот започна со EURASIA INTL. FILM FESTIVAL, Казахстан, Нур – Султан, потоа продолжува на филмскиот фестивал во Ереван каде исто така е во главната конкуренција GOLDEN APRICOT YEREVAN INTERNATIONAL FILM FESTIVAL, Ерменија 7-14 јули.

По ова учество филмот ќе биди преставен пред Хрватската публика на двата најпрестижни фестивали, Pula Film Festival, 13 – 21/ јули 7/2019 и MOTOVUN FILM FESTIVAL, 23-17 јули.

“Господ постои, името ѝ е Петрунија“ ја има привилегијата да биде филм на затварање во Украина на  ODESSA INTERNATIONAL FILM FESTIVAL , 12-20 јули.

Како подготовка за кинеската дистибуција, кинескиот дистибутер филмот како пред-премиера го прикажува на  First International Film Festival, Xining, China, 20-28 јули.

Во периодот кој следува од страна на австралискиот дистрибутер, филмот ќе има пред-премиера на NEW ZEALAND INTERNATIONAL FILM FESTIVAL, кој ќе се одржува во периодот од 18 јули до 11 август.

“Петрунија” за половина година беше прикажан на триесетина фестивали,  освои  шест награди  ќе биде дистрибуиран во над триесет и пет земји низ целиот свет. Во моментов, веќе дваесета седмица, сеуште се прикажува во киносалите низ Франција и Швајцарија.

2019-07-08T13:46:47+00:00