ПОВИК ЗА ПРОДУЦЕНТИ / АВТОРИ НА ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

MakeCoProDox Форум се одржува за прв пат во рамки на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс во Скопје, Северна Македонија, од 25 до 27 август 2019 година.

Форумот е во организација на МакеДокс, Агенција за филм на Република Северна Македонија и Креативна Европа МЕДИА Деск МК.

Повикот е отворен за продуценти на документарен филм / автори со аудиовизуелни проекти од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Романија, Србија и Словенија (со филм во развој или во постпродукција).

Можност за пријава имаат и продуценти кои имаат филмски проект кој ги исполнува следниве услови:

– долгометражен документарен  филм;

– фаза на развој, фаза на постпродукција;

– да биде снимен или произведен во регионот

Краен рок за пријава: 5 август, 2019 година

Вашите пријави можете да ги доставите на festival@makedox.mk со испраќање на синопсис од проектот или YouTube трејлер.

Изборот на пријавените проекти ќе го изврши Комисија за евалуација; Известувањето на избраните проекти ќе биде испратено по електронски пат.

Главниот продуцент / автор ќе биде поканет на фестивалот и за таа цел ќе му бидат покриени сите трошоци (за сместување, храна и транспорт од-до аеродром) и акредитација за фестивалот. Фестивалот не ги покрива патните тошоци на избраните ученици.

Овие трошоци ќе бидат покриени за 10 учесници, по еден од секоја земја, а за останатите ќе бидат обезбедени само акредитации на фестивалот.­

Присуството на главниот продуцент/автор е задолжително за времетраењето на Форумот (од 24.-28. Август, 2019г.)

Сите избрани проекти ќе бидат презентирани од страна на нивните продуценти, на индивидуални средби.

Предвидено е присуство на претставници од 11 регионални фондови, 3 скандинавски фондови и 2 телевизии, како и продуценти од земјите споменати

погоре.

2019-07-08T13:44:31+00:00