Отворен повик за пријава за тренинг програма „Умешноста на добриот пичинг: подготовка и пракса“

“Filmmaking is about telling. But it’s also about selling.“
Brian McGill

Креативна Европа МЕДИА Деск МК со посебно задоволство ви ја најавува интензивната тренинг програма предводена од Брајан Мекгил „Умешноста на добриот пичинг: подготовка и пракса“ која ќе се одржи на 23. и 24. април 2019, во соработка со Агенцијата за филм на Република Северна Македонија во рамките на 22. Скопски филмски фестивал.
Тренинг програмата има за цел да ги обучи и подготви македонските продуценти, режисери и сценаристи како најдобро да го пичираат (pitiching) својот проект. Учеството на тренингот ќе придонесе да се стекнете со конкретни вештини и знаења за пичинг, а ќе имате прилика и да го пичирате вашиот проект пред интернационалниот експерт Брајан Мекгил кој ќе даде свои совети и препораки за секој проект поединечно.
Брајан Мекгил е шкотски сценарист, консултант и професор кој повеќе од 25 години пишува ТВ серии за британска и француска телевизија, меѓу кои и за наградуваната серија Taggart (https://www.imdb.com/title/tt0088621/?ref_=ttfc_fc_tt). Мекгил работи како скрипт доктор, бил тутор за пичинзи на програмата ENGAGE – поддржана од Креативна Европа МЕДИА и читач на сценарија во Ирскиот филмски совет. Во својата кариера Брајан Мекгил има добиено награда од Сер Шон Конери, соработувал со продуцентите на филмот Seven и предава сценарио и пичинг на Screen Academy Schotland, Örebro University, Шведска и European Film College – Данска.

Оваа интензивна тренинг програма ќе ги зголеми капацитетите на македонските филмски продуценти, режисери и сценаристи за идно успешно претставување на своите проекти на: копродукциските форуми, филмски маркети, пичинг сесии и сл.
Тренинг програмата е бесплатна и ќе се одвива целосно на англиски јазик.
Програма е поделена во два дела:
Вторник, 23-ти април 2019 • Предавање на теми: „Зошто е важно да имате добар пичинг“, „Како да го подготвите вашиот проект за пичинг“, „Што да потенцирате, а што да игнорирате кога пичирате проект“
Пријавувањето е отворено за млади и искусни, продуценти, режисери, сценаристи, студенти и сите заинтересирани кои сакаат да се стекнат со практични знаења од оваа област.

Среда, 24-ти април 2019 • Пичинг сесија – практични вежби за тимовите на пријавените проекти во развој
Наменет за:
– продуценти, режисери и сценаристи на долгометражен филм во развој – продуценти, режисери и сценаристи кои во моментов имаат активни апликации за долгометражен филм во развој на првиот рок на „Конкурсот за поддршка на производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм“ објавен од страна на Агенцијата за Филм на Република Северна Македонија на ден 23.01.2019.

Пријавување за учество на тренингот:
Краен рок за пријавување е до 10. април 2019.

→ За учество на тренингот (без проект во развој) потребно е да испратите:
– име и презиме – краток опис со што се занимавате и зошто ви е важно да учествувате (на македонски јазик)
*учесниците без проект исто така ќе можат да ја следат и пичиниг сесијата вториот ден

→ За учество на пичинг сесијата со проект во развој потребно е да испратите:
– име и презиме – за проектот: работен наслов, продуцент, режисер и сценарист (на англиски јазик) – синопсис на проектот (на англиски јазик)
Синопсисите ќе бидат препратени на Брајан Мекгил со единствена цел негова претходна подготвка за пичинг сесиите како и можност да даде поконкретни и корисни забелешки за поединечни проекти. Секој тим кој ќе пријави проект ќе може да учествува на пичинг сесијата. За доверливоста на испратените синопсиси и нивната единствена употреба за горенаведените цели гарантира МЕДИА Деск МК.

Пријавите ги испраќате на е-мејл адресата [email protected] со назнака (subject): Тренинг програма.
Само оние кои ќе се пријават во предвидениот рок ќе може да учестуваат на програмата.

Учеството на оваа тренинг програма е од особена важност, пособено заради фактот што ќе имате прилика бесплатно да го презентирате својот проект пред исклучително значаен експерт од оваа област кој ќе ви даде забелешки и насоки за подобрување на вашите проекти.
МЕДИА Деск МК и Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ве охрабруваат да се пријавите и да ја искористите можноста да бидете дел од овој тренинг.

Превземи ја поканата
2019-04-04T14:22:47+00:00