Премиера на краткометражен анимиран филм „Во плави ноти“ во режија на Јелена Башир

Премиерата на краткометражниот анимиран филм „ВО ПЛАВИ НОТИ“ на режисерката Јелена Бешир ќе се одржи во вторник 19 март 2019 со почеток од 20 часот во Кафе и Кино КОТУР.

            Филмот „Во Плави Ноти“ по сценарио и режија на Јелена Бешир ја отсликува врската помеѓу авторот и нејзината работа, судирот помеѓу реалноста и имагинацијата.  Одејќи низ градот ТАА е опколена од бучавата на луѓето кои ја опкружуваат.Застанува до прозорецот на една стара куќа и во неа гледа фигура. Решава да ја однесе дома со неа. Во моментот кога заспива, фигурата оживува…Филмот е инспириран од делото „Жена од слонова коска“ на писателот Иво Андриќ.

            Покрај авторот во изработката на филмот учествуваа: Иван Ивановски анимација и скулптура, Небојша Петровиќ директор на фотографија, Балша Бошковиќ монтажер, продуцентите Милан Милосављевиќ (Србија) и Елена Станишева (Македонија), а музиката во филмот е на многупати наградуваниот светски композитор Chilly Gonzales, изведена од страна на Јелена Бешир и Ана Васиќ.

            Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Р. Северна Македонија, Српскиот филмски центар и Министерството на култура на Р. Србија, а истиот е  во продукција на “Студентски Град” – ДКСГ од Србија и ко-продуција на ВЕДА Филм Продакшнс од Македонија.

2019-03-22T14:26:19+00:00