Премиера на филмот „Театарот во Скупи“

Филмот „Театарот во Скупи“, во режија на Владимир Блажевски, ќе ја има својата премиера на светскиот ден на театарот, 27.03.2019, со почеток во 19 часот во Кинотека на Република Северна Македонија.

„Театарот во Скупи“ е научно-образовен филм кој го документира комплетниот процес на обнова на римскиот театар, објект од национално, но пред сѐ цивилизациско значење. Паралелно, се обработува и историјата на градот Скупи. Филмот не ги открива само тајните на театарот – тој нѐ воведува во археологијата како наука, а и во конзерваторството како занает.

2019-04-19T15:38:46+00:00