ПРИФАТЕНИ ПРОЕКТИ ПО КОНКУРСОТ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДОЛГОМЕТРАЖЕН, КРАТКОМЕТРАЖЕН ИГРАН, ДОКУМЕНТАРЕН И АНИМИРАН ФИЛМ ЗА 2019 –ПРВ РОК НА ОДЛУЧУВАЊЕ

Почитувани,

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија Ве известува дека согласно Конкурсот објавен на 23.01.2019 година, на кој беа пристигнати рекорден број на пријави на филмски проекти, ја донесе Одлуката за финансирање на одобрени проекти во прв рок на одлучување.

Управниот одбор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија раководејќи се од Законот за филмска дејност, Правилникот за поблиски критериуми и мерила за оцена на критериумите за финансирање на филмски проекти од национален интерес во филмската дејност и земајќи ја во предвид  моменталната финансиска состојба на Агенцијата за филм која се соочува со лимитиран/намален буџет, ја донесе Одлуката за финасирање на следните проекти:

Табела на одобрени проекти

Воедно, Ве известуваме дека крајниот рок на Kонкурсот за финансирање на проекти за производство на долгометражен, краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2019 година – втор рок на пријава истекува на 15.08.2019 година.

2019-07-10T17:21:00+00:00