Филмскиот фестивал „Џифони патува“ во Кавадарци на 19 и 20 јуни

Фестивалот Џифони Македонија продолжува да патува низ нашата земја. Кавадарци е шеснаесетта општина каде на 19 и 20 јуни ќе се одржи Филмскиот феситивал за млади „Џифони патува во Кавадарци“ во Домот на култура “Иван Мазов – Климе“.

„Џифони патува” е проект наменет за младите од нашата земја, кој преку ширење на идеите на најголемиот фестивал за млади во светот „Џифони Експириенс” од Италија и активно ги вклучува на младите вљубеници во филмот и културата.

Во текот на двата дена младите учесници ќе го гледаат филмови и ќе дискутираат за темите на филмовите со актерот Роберт Ристов кој ќе биде ментор на актерската работилница. Младите од Кавадарци ќе ја развиваат својата креативност и преку работилница за фотографија под менторство на професорот Роберт Јанкулоски, а ликовната работилница ќе ја води Моника Мотеска.

Фестивалската програма „Џифони патува“ во Кавадарци се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Кавадарци, Домот на култура “Иван Мазов – Климе“ и Италијанската амбасада во Скопје.

2019-06-19T10:30:42+00:00