Цар Самоил

Режисер:  Антонио Митриќески

Продуцент:  Дејан Милошевски, Милош Ѓукелиќ, Роб Хејдон

Монтажа:  Андрија Зафрановиќ

Сценарио:  Венко Андоновски, Антонио Митриќески, Оливер Ромевски, Билјана Гарванлиева

Директор на Фотографија:  Јоланта Дулевска

Кратка содржина:
Цар Самоил“ е историски спектакл кој во своето средиште става еден средновековен великан: царот Самоил, кој ја создава првата македонскo-словенска држава во 11ти век, низ крвави борби со гласовитиот историски колос, Василиј Втори, предводникот на Византија. Цел живот овие двајца историски колоси се надмудруваат, за конечно во пресудната битка на Беласица, Самоил да биде поразен, неговите војници заробени и ослепени, а потем ослободени! Сите војници се ослепени а на секој 100ти војник му е извадено само едно око за да може да води група од 99 слепи војници.Во оваа историска рамка вметнати се, во филмот и многу фикции, мали епизоди од семејниот и интимниот живот на колосалниот македонски цар кој својот подем го започна токму со востание против бугарската власт. Филмот е деликатен баланс меѓу интимното и историското, меѓу спалната соба и бојното поле, меѓу интригите на дворот и она што официјалната историја го соопштува како вистина.


Продуцентски куќи:
Хоризон Филм & Револушн Продукција
Бул. Франклин Рузвелт 2/8
1000 Скопје,
Македонија
revolutionmkd@gmail.com
www.revolutionmkd.com

Копродуценти:
Red production
www.redproduction.rs

Princ Film
9106 Cold Stream Lane
Eden Prairie,
MN 55347
USA
info@princfilms.com
www.princfilms.com

2019-01-28T12:35:29+00:00