Rotterdam Film Lab 2017

13/12/2016

Агенцијата за филм Ве известува дека во текот на месец јануари 2017 при Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам, во рамки на копродукцискиот маркет CineMart ќе се одржи Rotterdam Lab – петдневна работилница за обука на продуценти од целиот свет.

Rotterdam Lab  е наменета за продуценти кои имаат продуцирано најмалку еден до два краткометражни филмови и најмногу два долгометражни филмови. Програмата ќе опфати панел дискусии и индивидуални состаноци со индустриски експерти и ќе им овозможи на учесниците да остварат контакти, да споделат искуства и да го збогатат своето знаење за меѓународна продажба, финансирање и дистрибуција на филсмките проекти.

Заинтересираните продуценти од Република Македонија можат да се пријават по електронски пат директно во Агенцијата за филм на Република Македонија преку испраќање на био/филмографија, мотивационо писмо и професионална биографија (на англиски јазик) најдоцна до 20.12.2016 година (вторник) на емаил адресата info@filmagency.gov.mk.

Агенцијата за филм на Република Македонија ќе ги покрие трошоците за сместување, транспорт и акредитација. Во прилог Ви испраќаме дополнителни информации за работилницата, а повеќе детали за претходните изданија можете да најдете на следниот линк: https://iffr.com/en/professionals/iffr-industry/rotterdam-lab

2018-09-14T12:44:55+00:00