Southeast European Factory (SEE Factory) е проект за соработка помеѓу пет земји од регионот, меѓу кои е и Република Северна Макеоднија. За реализацијата на овој проект беа водени разговори со филмските центри од регионот на Канскиот филмски фестивал во 2018 година, по што од страна на Агенцијата за филм беше потпишан и договор за негова реализација. Врз основа на овој договор за реализација на Southeast European Factory (SEE Factory), пет малди автори од регионот имаа можност да работат на пет филмови реализирани од пет автори од регионот и пет автори од светот кои заедно работеа во парови.

Филмовите се реализирани со поддршка на филмските фондови од регинонот.

Краткометражните филмови ќе имаат светска премиера овој мај на Канскиот Филмски Фестивал на отворањето на програмата Cannes Directors’ Fortnight 2019 (Quinzaine des réalisateurs).

Насловите на филмовите дел од овој проект се: “THE SIGN”: Елеонора Венинова (Северна Македонија), Yona Rozenkier (Израел / Швајцарија); “LOVE SUPREME”: Dušan Kasalica (Црна Гора), Teodora Ana Mihai (Романија / Белгија); “RED STAIN”: Urška Djukić (Словенија), Gabriel Tzafka (Грција / Данска); “MOMMY”: Maša Šarović (Србија), Sharon Angelhart (Израел); “SPIT”: Neven Samardžić (БиХ), Carolina Markowitz (Бразил).

Dominique Welinski, која е раководителка на оваа програма изјави: „Проектот SEE Factory, покрај тоа што им овозможи на младите режисери заедно да работат и да ги создаадат овие краткометражни филмови  има за цел да ги стави во фокус земјите од каде што не гледаме толку многу филмови. Ова е прв пат да истражуваме пет различни земји,  пет земји кои доаѓаат од еден ист регион. Откако првпат дојдов на Сараевскиот филмски фестивал, пред неколку години, сонував да го реализирам овој проект во овој регион. Со реализацијата на овој проект мојот сон стана реалност, а за тоа сте заслужни сите кои го направивте ова возможно за што сакам да се заблагодарам. Имав шанса скоро еден месец да работам со млади режисери од Босна, Словенија, Србија, Црна Гора и Македонија, со неверојатни продуценти, со актери … Сите тие работеа непрекинато, на пет различни филмови, пет различни парови, приказни, ситуации. И сите тие се отворени, великодушни, повеќе од професионални, креативни, смешни … Сега имаме пет прекрасни кратки филмови, пет приказни, пет различни универзуми со заеднички дух. Секој ден со нив е подарок. Секој ден сите учат, уживаат, имаат корист … Ова беше неверојатно искуство за сите нас. Ни ги отвори очите и нашите срца. Мислам дека сите ние уживаме да правиме филмови во вашите земји!“

За време на своето присуство во Кан, каде ќе се прикажат филмовите кои се дел од овој проект, Елеонора Венинова ќе има прилика да го претстави и својот прв долгометражен проект пред филмски професионалци на Канскиот Филмски Фестивал и Филмскиот Маркет.

 Повеќе информации за проектот:

https://www.quinzaine-realisateurs.com/en/the-factory/