Variety, The Hollywood Reporter, Filmmaker Magazine, The Film Stage ја објавија програмата за овогодинешниот филмски фестивал SUNDANCE!

На големо задоволство на Македонија и македонската култура, МАКЕДОНСКИОТ ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „МЕДЕНА ЗЕМЈА“ ВЛЕЗЕ ВО ОФИЦИЈАЛНАТА КОНКУРЕНЦИЈА НА ДОЛГОМЕТРАЖНИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ на еден од неколкуте најпрестижни филмски фестивали во светот – САНДЕНС (SUNDANCE)  кој на крај на јануари се случува во Јута – Америка.

Филмот е во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, продуцент на филмот е Атанас Георгиев, а негова е и монтажата.

SUNDANCE е еден од најпрестижните филмски фестивали во светот и е на рамниште на Берлински фестивал, Кан, Бафта, Глобус и Венеција.

Филмот обработува тема за животот не една жена која живее сама со мајка и во централна Македонија, во сосема примитивни услови и произведува мед од диви пчели…Таа е последната жена одгледувач на диви пчели во Европа, која сака да ги спаси пчелите и природниот баланс на планетава…Филмот има колоритен јазик, обработува  ретка приказна, камерата е совршена и уште посовршени се карактерите…

Токму затоа SUNDANCE ГО ПРЕПОЗНАЛ ФИЛМОТ И ГО СТАВИЛ ВО ОФИЦИЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА ДА СЕ БОРИ МЕЃУ САМО 12 ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ ОД СВЕТОТ…

Браво екипо, браво Македонијо!

2018-11-30T10:14:28+00:00