Почетна2021-01-22T09:16:15+00:00

„ВРБА“
НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ
ТРИ ЖЕНИ СЕ СПРАВУВААТ СО ТРАДИЦИЈА, ЛОЈАЛНОСТ,
ПОСВОЈУВАЊЕ, СО ТОА КОЈ ОДЛУЧУВА ЗА НИВНОТО ТЕЛО.

ЕДНА СРЕДНОВЕКОВНА, ДВЕ СОВРЕМЕНИ ПРИКАЗНИ.
МАКЕДОНСКИ КАНДИДАТ ЗА НОМИНАЦИЈА ЗА
ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА „ОСКАР“
ТРЕЈЛЕР

НОВОСТИ

МАКЕДОНСКА ФИЛМСКА СЦЕНА

НОВОСТИ

МАКЕДОНСКА ФИЛМСКА СЦЕНА

ПОВЕЌЕ НОВОСТИ

ТРЕЈЛЕРИ

МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ

Медена земја Господ постои
нејзиното име е Петрунија
Дедо и внук 2019 2019 2019 2020 Стела 2020 Хомо
2019 Ефектот на среќа Врба 2019 Незаборавна пролет во
заборавено село
2019 Втора шанса Година на мајмунот 2019 2018
Исцелител 2018 Кога денот немаше име 2018

ТРЕЈЛЕРИ

МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ

Хомо 2020 Стела 2020 Медена земја 2019 Господ постои нејзиното име е Петрунија 2019 Дедо и Внук 2019 Незаборавна пролет во заборавено село 2019 Врба 2019 Ефектот на среќа 2019 Втора шанса 2019 Година на мајмунот 2018 Кога денот немаше име 2019 Исцелител 2018

ОТВОРЕНИ КОНКУРСИ

НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

ОТВОРЕНИ КОНКУРСИ

НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ

I. Општи информации 

 

Конкурсот се распишува за учество на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија во финансирање на домашни филмови и филмови со македонско малцинско учество кои се во фаза на постпродукција, за меѓународна промоција на домашни филмови преку учество на фестивали и манифестации и поддршка за промоција и дистрибуција на филмови во Република Северна Македонија и во странство за 2021 година и промоција на Република Северна Македонија како филмска дестинација.

Конкурсот е наменет за филмови кои во моментот на аплицирање се во фаза на пост продукција или се во целост завршени со реализацијата и не се претходно, по било кој основ, поддржани од страна на Агенцијата за филм.

За меѓународна промоција може да конкурира филмски продуцент на филм кој во момент на поднесување на барањето не е поминато повеќе од една година од денот на неговото премиерно прикажување.

II. Конкурсот е отворен и трае во текот на цела година

Пријавувањето се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk) да се пополни на македонски јазик со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

 

За секоја Пријава се одлучува поединчено согласно Законот за филмската дејност со Одлука на Управен одбор во рок до 30 дена од денот на поднесувањето.

Подносителите на барањата прифатени на Конкурсот по добивање на одлуката, со директорот на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија склучуваат договор за учество во финансирање зависно од доставеното барање.

На Конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:

– cе поднесени од страна на филмски продуцент, кој во Центарлниот регистар на Република Северна Македонија не е регистриран со претежна дејност – производство на филмови;

– се поднесени на  несоодветен  образец –  Пријава по Конкурс;

– се  непотполни и неуредно доставени

III. Начин на користење на средства 

Правните лица чии барања се одобрени на Конкурсот, односно корисниците на средствата се должни средствата да ги трошат наменски и законски согласно Законот за филмската дејност и останатите позитивни законски прописи во Република Северна Македонија и одредбите пропишани во договорот кој ќе го склучат со Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

По реализација на проектите корисниците се обврзани да достават извештај за потрошените средства со прилог документација за направени трошоци (договори, фактури, фискални сметки и сл.) и докази за направени трошоци (изводи од банка).

IV. Начин на пријавување по Конкурс

Документацијата по Конкурс треба да се достави до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“ бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на Конкурс за учество на Агенцијата во финансирање на домашни филмови и филмови со македонско малцинско учество“.

V. Дополнителни информации 

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност на телефонскот број 02/3224-100.

*Пријавa за финансирање на дореализација на домашни филмови за меѓународна промоција преку учество на фестивали и манифестации, промоција и дистрибуција во Република Северна Македонија

*Пријавa за финансирање на домашни филмови за нивна дореализација, за меѓународна промоција преку учество на фестивали и манифестации и промоција и дистрибуција во Република Северна Македонија –  за филмови со македонско малцинско финансиско учество

I. Општи информации

 

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа:

 

  • за поддршка на стручно и професионално усовршување на кадри од областа на филмот;
  • за поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации.

Конкурсот е наменет за кадри од областа на филмот – физички лица кои се имаат стекнато со високо образование од областа на филмската дејност и кои се државјани на Република Северна Македонија, и за поддршка на проекти за членство на Република Северна Македонија во меѓунардони филмски организации и асоцијации.

Право на поддршка на стручното и професионално усовршување на кадри од областа на филмот имаат физички лица кои во моментот на конкурирање работат и/или имаат искуство во работа на проекти кои се на тема која е тесно поврзана со програмата за едукација за која се побарува поддршка за присуство.

Право на поддршка на членство на Република Северна Македонија во меѓународни филмски организации имаат правни лица како и непрофитни организации, задруженија на граѓани кои се регистрирани за вршење на дејност во областа на филмската дејност, регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија.

II. Рок за достава на Пријави и донесување на Одлуки по Конкурс

 

–  Конкурсот е отворен и трае во текот на цела година.

– За секое барање се одлучува поединчено со Одлука на Управен одбор во рок од 60 дена од денот на конкурирањето.

– Подносителите на барањата прифатени на Конкурсот по добивање на Одлуката, со директорот на Агенцијата за филм склучуваат договор за поддршката зависно од доставеното барање.

III. Начин на доставување на Пријави

Пријавувањето на филмските проекти се врши со доставување на пополнета Пријава со прилог документација која е наведена во Пријавата. Пријавата е составен дел од Конкурсот и е објавена на веб-локацијата на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Пријавата треба да се превземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mk ) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

За секој филмски проект се пополнува соодветна и одделна Пријава. Пријавата содржи во себе подетални информации за условите за учество на Конкурсот, критериумите и мерилата за финансирање како и информации за задолжителната документација која подносителот потребно е да ја достави со Пријавата како и други документи/материјали потребни за дообјаснување на филмскиот проект, за кои подносителот цени дека е потребно да ги достави.

Пријавата по Конкурс со потребната документација треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или во Архивата на Агенцијата. Апликантите се должни пријавата со прилог документацијата да ја достават најмалку 15 дена пред почеток на настанот.

VI. Дополнителни информации 

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100

* Пријавa за финансирање на стручното и професионално усовршување на кадри во областа на филмот

* Пријавa за поддршка на членство на република северна македонија во меѓународни филмски организации

Врз основа на член 25 став 2 од Законот за филмската дејност („Сл. Весник на Република Македонија’’ бр.82/13, 18/14, 44/14, 129/15, 152/15, 39/16, 11/18 и 275/19), Агенцијата за филм на Република Северна Македонија објавува:

КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО ФИЛМСКАТА ДЕЈНОСТ ЗА 2021 ГОДИНА

I ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Конкурсот се распишува за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност и тоа за:

– Организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер

II ПРАВО НА УЧЕСТВО И УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ

Право на учество имаат правни лица регистрирани во Централен Регистар на Република Северна Македонија, непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации.

III ПРИОРИТЕТИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИТЕ

Агенцијата за филм на Република Македонија финансира проекти кои:

  • македонската кинематографија ја ставаат во интернационален контекст;
  • имаат европски, односно меѓународен карактер;
  • го промовираат интеркултурниот дијалог и развој на граѓанското општество;
  • се засновани на стручно и професионално знаење;
  • имаат висок квалитет и профилираност на основната дејност;
  • имаат занчителна посетеност;
  • се одржуваат континуирано и со традиција;
  • имаат едукативен аспект/квалитет на публикациите.

IV  КРИТЕРИУМИ ЗА ЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЕКТИ

Постапката за евалуација и одлучување на проектите, подетално е опишана во Пријавата за учество на Конкурс објавена на веб страната на Агенцијата за филм

На конкурсот нема да бидат разгледувани пријави кои:

–              се доставени по истекот на рокот за пријава на проекти по Конкурсот;

–              не се поднесени на Пријава соодветна за овој Конкурс;

–              се  непотполни и неуредно доставени

V  ВИСИНА НА УЧЕСТВО НА АГЕНЦИЈАТА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ

Агенцијата за филм може да учествува во финансирањето на поднесените проекти согласно финансиските можности, а најмногу до 70% од вкупниот буџет на проектот.

VI  НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА

Корисниците се обврзуваат дека сите средства доделени од страна на Агенцијата ќе ги користат наменски, законски, рационално и економично согласно буџетот на проектот, од сметка за посебни намени т.н наменска сметка.

VII НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнета Пријава  која е составен дел од Конкурсот. Пријавата треба да се преземе од веб-локацијата на Агенцијата за филм (www.filmagency.gov.mк) да се пополни на македонски јазик електронски со впишување на податоци на означеното место и да се верификува.

Пријавата и документацијата по конкурсот треба да се достават до Агенцијата за филм на Република Северна Македонија преку пошта на адреса: ул. „8 Март“бр.4 или до Архивата на Агенцијата за филм со назнака „Пријава на Конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност’’.

Воедно Пријавата и документацијата во прилог на Пријавата воедно задолжително се доставуваат и во електронска форма на е-маил адресата: arhiva@filmagency.gov.mk

Краен рок за достава на Пријави по Конкурс е 29.01.2021 година.

VIII ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД КОНКУРСОТ

Проектите прифатени на Конкурс ќе се објават и на веб страната на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

IX ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат во Секторот за филмска дејност и меѓународна соработка на телефонскот број 02/3224-100 или на емаил contact@filmagency.gov.mk

СИТЕ КОНКУРСИ