На 25. февруари Друштвото на филмските работници на Македонија објави два Конкурси за избор на кандидати за две позиции на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“  и  тоа Директор и Селектор на главната програма на фестивалот.

Пријавите  заедно со потребната документација за двете позиции потребно е да се достават на електронската адреса contact@dfrm.org.mk или во седиштето на Друштвото на ул. 8ми Март бр.4 1000 Скопје, Република Северна Македонија  најдоцна до 11.03.2020 година (Пријави за Директор на фестивалот) и 25.03.2020 година (Пријави за Селектор на главната програма).

Повеќе информации за правилата на аплицирање на следниот линк https://www.dfrm.org.mk/news